За нас

Контакти

информации за контакт и форма на контакт

Во 2019 година Република Северна Македонија за прв пат стана 15-та земја членка на добротворната невладината организација HMC Projects (прочитај повеќе….).

Наша единствена цел е да им дадеме шанса и можност на одличните, талентирани и креативни ученици од нашата земја да го продолжат своето школување во најпрестижните boarding schools во Велика Британија. Една од главните цели на HMCProjects е да се стипендираат ученици кои пред се потекнуваат од недоволно ситуирани семејства.

Учениците кои до 1 септември наполниле 15 години и се на возраст од 15 – 16.5 години можат да аплицираат за два вида на стипендии: полна и редуцирана. Познавањето на англискиот јазик (B1 – B2 по CEF) е првиот предуслов кои нашите средношколци треба да го исполнат и докажат дека заслужуваат да бидат стипендирани.

HMC стипендиите ќе им овозможат на учениците трета и четврта година од нивното средно образование да го завршат во Англија со што ќе се здобијат со интернационална диплома. Образовнит систем по кој ќе учат стипендистите е A- level. Секако постои можност стипендистите да учат по IB програмата (меѓународна матура) бидејќи неколку HMC училишта покрај образовниот A level систем овозможуваат учениците да се здобијат и со диплома од IB programme (International Baccalaureate Diploma) или Scottish Highers и Advanced Highers. Учениците во завршната година, независно по кој образовни систем учеле, полагаат завршни испити кои се од пресудно значење за упис на универзитет. Квалификациите со кои ќе се стекнат учениците и дипломата која ќе ја добијат е призната не само во УК туку и пошироко, на интернационално ниво (призната во многу земји во светот!).

По A-level системот, учениците избираат 3 до 4 предмети од листата на предмети од природните и техничките науки, странските јазици, уметностите и општествените науки. За разлика од образовниот систем кај нас, учениците кои се на студии на Sixth Form во училиштата во UK имаат многу помал број на наставни предмети. Ова овозможува содржините на избраните предмети да се изучуваат многу подлабоко и потемелно или како што се вели истите да се „специјализираат“.

За стекнување на International Baccalaureate (IB) диплома, учениците и тука ќе имаат можност да изберат предмети од понудената листа на предмети но задолжително ќе треба да ги изучуваат англискиот јазик и литература и математика (вкупно 6-7 предмети). Избраните предмети по IB програмата ќе можат да ги изучуваат на стандардно (SL – standard level) или повисоко ниво (HL – high level) во зависност од барањата што го има универзитетот кој ќе го избере ученикот во иднина. Во основа, предметите што се избрани да се изучуваат на HL се еквиваентни на предметите од  A-level.

Scottish Highers и Advanced Highers системот е сличен со A-level со тоа за што Scottish Highers програмата потребна е една година студии а за Advanced Highers се потребни две години. Како што говори самото име, по овој систем на образование учат повеќе училишта во Шкотска, но во многу шкотски училишта се учи според A-level системот.

Стипендијата што ја нудат училиштата преку HMC Projects е наменета да трае две години за да ви овозможи да ги завршите сите курсеви и да ги полагате завршните испити за влез на универзитет или колеџ. Затоа:

Драги ученици, пред секоја „можност“ стои нов предизвик, со секој нов предизвик стануваш похрабар и цврсто ќе чекориш кон патот на успехот. Биди проактивен и креирај ја својата иднина!

Аплицирај за да добиеш НМС стипендија!

© Copyright 2019 - Edu-link.mk / All rights reserved.