СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ УЧЕБНА 2020/2021 ГОДИНА

Контакти

информации за контакт и форма на контакт

СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ

УЧЕБНА 2022/2023 ГОДИНА

London Bridge

во соработка со

Headmasters`& Headmistresses` Conference – HMC
(Велика Британија)

распишува

К О Н К У Р С

за избор на

трета генерација стипендисти

Програмата е наменета за ученици од прва и втора година средно училиште кои се комуникативни, креативни, подготвени за нови предизвици и прифаќање на други култури.

I. Партнери во програмата

Програмата ја спроведува London Bridge во соработка со Headmasters’ and Headmistresses’ Conference (HMC) од Велика Британија.

II. Опис на стипендиите – HMC

  1. Стипендијата опфаќа школарина (full scholarship) за трета и четврта година средно училиште во едно од најпрестижните приватни интернати (boarding schools) во Велика Британија.
  2. Освен школарината, стипендијата ги покрива сите трошоци за сместување, исхрана и учебници.
  3. Ученикот кој ќе добие полна или редуцирана стипендија треба да уплати £1250 за административни трошоци на HMC.
  4. Стипендистите сами ги покриваат патните трошоци до Велика Британија и трошоците за добивање британска виза.
  5. За добивање полна стипендија (full scholarship), во рамки на НМС програмата, можат да аплицираат само ученици чии родители во 2021 година имаат годишен заеднички нето приходи не повисоки од £30,000.
  6. Учениците чии родители во 2021 год. имаат годишен заеднички нето приходи повисоки од £30,000.00 можат да конкурираат за редуцирана стипендија (Reduced scholarship – каде 70-80% од трошоците се покриени). Точниот износ кој родителите на стипендистите ќе треба да го покријат се определува врз основ на документите за нивните примања кои ќе треба ги достават до НМС на увид.

III. Општи услови

На конкурсот можат да се пријават ученици:

  • од четиригодишни средни училишта во Република Северна Македонија;
  • кои во учебната 2021/22 година за првпат посетуваат настава во прва и втора година;
  • кои се одлични ученици;
  • кои го владеат англискиот јазик (В1–В2 по CЕF);
  • кои до 1-ви септември 2021 година се на возраст од 15 – 16,5 години.

IV. Пријавување на конкурсот

На конкурсот можат да се пријават ученици кои ги исполнуваат општите услови наведени во конкурсот. Потребно е задолжително да ја пополнат пријавата >>Registration form<< (attached – STEAK TO ONE PAGE ONLY, PLEASE) и да ја испратат на следната електронска пошта:

ukstipendii@edu-link.mk

најдоцна до 23 ноември 2021 година до 24:00 часот

Списокот на пријавените ученици ќе биде објавен на веб страницата www.edu-link.mk по истекот на рокот за пријавување.

Тестот по англиски јазик ќе се спроведе на 27 и 28 ноември во просториите на гимназијата „Орце Николов“ во Скопје (согласно моменталните условите поради пандемијата од Ковид-19).

ВАЖНО: На денот на тестирањето учениците задолжително со себе треба да носат документ за лична идентификација со фотографија (пр. пасош).

Пред тестирањето секој ученик потребно е да уплати €40 (во готово) за административни трошоци на организаторот НМС стипендии во Република Северна Македонија.

V. Интервју

London Bridge заедно со претставници на HMC Projects ќе организираат интервју кон крајот на месец јануари или почеткот од февруари 2022 година (точниот датум и место дополнително ќе бидат објавени – согласно условите поради пандемијата од Ковид-19). Учениците за својот напредок ќе бидат известени во текот на месец март 2022 год. кога и едновремено ќе бидат контактирани добитниците на полна и редуцирана стипендија.

© Copyright 2019 - Edu-link.mk / All rights reserved.