СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ УЧЕБНА 2023/2024 ГОДИНА

Контакти

информации за контакт и форма на контакт

СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ
УЧЕБНА 2023/2024 ГОДИНА

London Bridge

во соработка со

Headmasters`& Headmistresses` Conference – HMC
(Велика Британија)

распишува

К О Н К У Р С
за избор на
четврта генерација стипендисти од Република Северна Македонија

Програмата е наменета за ученици од прва и втора година средно училиште кои се комуникативни, креативни, подготвени за нови предизвици и прифаќање на други култури.

I. Партнери во програмата

Програмата ја спроведува London Bridge во соработка со Headmasters’ and Headmistresses’ Conference (HMC) од Велика Британија.

II. Опис на стипендиите

  1. Стипендијата опфаќа школарина (full scholarship) за трета и четврта година средно училиште во најпрестижните приватни интернати (boarding schools) во Велика Британија.
  2. Покрај школарината, стипендијата ги покрива сите трошоци за сместување, исхрана и учебници.
  3. Ученикот кој ќе добие полна стипендија треба да уплати £1250 на HMC Projects за административни трошоци на НМС.
  4. Стипендистите сами ги покриваат патните трошоци до Велика Британија и трошоците за добивање британска виза и осигурување (осигурувањето е во склоп на визата).
  5. За добивање полна стипендија (full scholarship), во рамки на НМС програмата, можат да аплицираат ученици чии родители во финансиската 2022 година имаат заеднички нето приходи не повисоки од £30,000.
  6. Учениците чии родители во 2022 год. имаат заеднички нето приходи повисоки од £30,000.00 но не повисоки од £80,000.00 можат да конкурираат за редуцирана стипендија (Reduced scholarship) каде 70 – 80 % од трошоците се покриени од страна на училиштето кое ќе ги превземе учениците на настава. Точниот износ кој родителите на стипендираните ученици ќе треба да го покријат се определува врз основ на документите за нивните примања кои ќе треба ги достават до НМС на увид.

III. Општи услови

На конкурсот можат да се пријават ученици:

  • од четиригодишните средни училишта во Република Северна Македонија;
  • кои во учебната 2022/23 година се прва или втора година;
  • кои се одлични ученици;
  • кои го владеат англискиот јазик (В1–В2 по CЕF);
  • кои во септември месец 2022 година се на возраст од 15 – 16,5 години.

IV. Пријавување на конкурсот

На конкурсот можат да се пријават ученици кои ги исполнуваат општите услови наведени во конкурсот. Потребно е задолжително да пополнат „Пријава“ Registration form (attached – 1 page only) и да ја испратат на следната електронска пошта:

ukstipendii@edu-link.mk
најдоцна до 9 ноември 2021 година до 24:00 часот

Списокот на пријавените ученици ќе биде објавен на веб страницата www.edu-link.mk по истекот на рокот за пријавување.

Тестот по англиски јазик ќе се спроведе на 19 и 20 ноември а за местото на одржување на тестирањето ќе следат дополнителни информации.

ВАЖНО: На денот на тестирањето учениците задолжително со себе треба да носат документ за лична идентификација со фотографија (пр. пасош).

Пред тестирањето секој ученик требно е да уплати €45 (во готово) за административни трошоци на организаторот НМС стипендии во Република Северна Македонија.

V. Интервју

Координаторот на HMC Projects во Република Македонија заедно со претставници на HMCP ќе организира интервју за апликантите кон крајот на јануари или почеткот на февруари месец 2023 година а точниот датум и место дополнително ќе бидат објавени на веб страната.

© Copyright 2019 - Edu-link.mk / All rights reserved.