СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ УЧЕБНА 2024/2025 ГОДИНА

Контакти

информации за контакт и форма на контакт

СТИПЕНДИИ ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ
УЧЕБНА 2024/2025 ГОДИНА

EDU-LINK и London Bridge

во соработка со

Headmasters`& Headmistresses` Conference – HMC
(Велика Британија)

распишува

К О Н К У Р С

за избор на

петта генерација стипендисти од Република Северна Македонија

Програмата е наменета за ученици од прва и втора година средно училиште кои се комуникативни, креативни, подготвени за нови предизвици и прифаќање на други култури.

I. Партнери во програмата

Програмата во Македонија ја спроведува Edu-Link во соработка со London Bridge и The Headmasters’ and Headmistresses’ Conference (HMC) од Велика Британија.

II. Опис на стипендиите

  1. Стипендијата опфаќа школарина (full scholarship) за трета и четврта година средно училиште во најпрестижните приватни интернати (boarding schools) во Велика Британија.
  2. Покрај школарината, стипендијата ги покрива сите трошоци за сместување, исхрана и учебници.
  3. Учениците кои ќе добијат полна стипендија треба да уплатат £1000 на HMC Projects за административни трошоци на НМС.
  4. Стипендистите сами ги покриваат патните трошоци до и од Велика Британија и трошоците за добивање британска виза и осигурување (осигурувањето е во склоп на визата и во моментов заедно изнесуваат 1900 евра).
  5. За добивање полна стипендија (full scholarship) во рамки на НМС програмата, можат да аплицираат само ученици чии родители во финансиската 2023 година имаат заеднички нето приходи не повисоки од £30,000.
  6. Учениците чии родители во календарската 2023 год. имале заеднички нето приходи кои не надминуваат £45,000.00 можат да конкурираат за редуцирана стипендија (Reduced scholarship) каде 80 % од трошоците се покриени од страна на училиштата кое ќе ги превземе учениците на A-level или IB наставата. Точниот износ кој родителите на стипендираните ученици ќе треба да го покријат се определува врз основ на документите за нивните примања кои ќе треба ги достават до НМС и еdu-link на увид.

III. Општи услови

На конкурсот можат да се пријават ученици:

  • од четиригодишните средни училишта во Република Северна Македонија;
  • кои во учебната 2023/24 година, за прв пат, се прва или втора година;
  • кои се одлични ученици;
  • кои го владеат англискиот јазик (В1–В2 по CЕF);
  • кои во септември месец 2023 година се на возраст од 15 – 16,5 години.

IV. Пријавување на конкурсот

На конкурсот можат да се пријават ученици кои ги исполнуваат општите услови наведени во конкурсот. Потребно е задолжително да пополнат пријава односно Registration form (attached here; stick to one page only!) и да ја испратат на следната електронска пошта:

ukstipendii@edu-link.mk

најдоцна до 10 ноември 2023 година до 24:00 часот

(Во случај пријавените кандидати да не добијат повратен одговор или информации од координаторот на НМС прграмата во Македонија, не подоцна од 11 ноември по истекот на рокот за пријавување на кандидатите, потребно е повторно да го испратат Registration form на алтернативниот e-mail vtoleva@yahoo.com).

Тестирање на кандидатите за степенот на владеење на англискиот јазик ќе се спроведе во деновите 18 и 19 ноември 2023 година. Сите дополнителни информации во врска со тестирањето ќе бидат објавени на веб страната http://edu-link.mk и/или доставени преку електронската пошта на кандидатот.

ВАЖНО: На денот на тестирањето учениците задолжително со себе треба да носат документ за лична идентификација со фотографија (пр. пасош).

Пред тестирањето секој ученик потребно е да уплати €50 (во готово) за административни трошоци на организаторот НМС стипендии во Република Северна Македонија (уплатата ќе се изврши на лице место, еден час пред отпочнување на тестирањето).

V. Интервју

Координаторот на HMC Projects во Република Македонија заедно со претставници на HMC Projects ќе организира интервју за апликантите во месец јануари 2024 година. Информации во врска со интервјуто на апликантите дополнително ќе бидат објавени на веб страната.

© Copyright 2019 - Edu-link.mk / All rights reserved.