HMC Projects

Што е HMC Projects?

HMC PROJECTS IN CENTRAL AND EASTERN EUROPE е непрофитабилна, невладина организација (NGO) составена од поранешни и сегашни директори како и професори од познатите приватни интернати ширум Велика Британија. Ова здружение отпочна со работа во 1992 година и скоро 30 години доделува стипендии на ученици од 15 земји од централна и источна Европа вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.

За оваа 2022/23 учебна година, 91 ученици од централна и југоисточна Европа (Чешка, Хрватска, Естонија, Полска, Ерменија, Грузија, Молдавија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Република Северна Македонија и Украина)добија НМС стипендии од кои 53 полни и 38 редуцирани стипендии (26 момчиња и 65 девојчиња). Од Македонија, 8 средношколци беа наградени со стипендии; 6 полни и 2 редуцирани стипендии.

  • Главна цел на HMC е да открие и стипендира одлични ученици кои се амбициозни, комуникативни, лесно се социјализираат и се накратко речено многу способни, талентирани ученици кои сакаат да напредуваат и да вложуваат во своето образование. НМС доделува полни стипендии на интернационални ученици кои потекнуваат од недоволно ситуирани семејства т.е. семејства чии заеднички нето-приходи од родителите (старателите) не надминуваат 30 000 британски фунти на годишно ниво. НМС, во соработка со Sixth Form училиштата, посредува за добивање и на т.н. редуцирани стипендии;
  • HMC Projects има исто така за цел да собере понуди од приватните boarding schools, лоцирани во Обединетото Кралство, кои сакаат да доделат Sixth Form ученички стипендии.

КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА?

За НМС стипендиите можат да аплицираат ученици од прва и втора година средно образование кои имаат континуиран одличен успех, кои се комуникативни, креативни, подготвени за нови предизвици и прифаќање на други култури. Право на пријавување имаат ученици кои на 1 септември 2022 год. наполниле 15 години и се на возраст од 15 до 16,6 години. Учениците кои ќе бидат превземени на Sixth Form студии можат да изберат една од двете студиски програми; A-level или IB (меѓународна матура). Над 90 интернационални ученици, во повеќе од 60 интернати ширум Англија, следат две-годишна Sixth Form настава за да се стекнат со една од препознатливите меѓународни квалификации; А-level диплома, International Baccalaureate (IB) диплома или Scottish Higher диплома.

Кандидатите можат да аплицираат за два вида на стипендии: полна (full scholarship) и редуцирана (reduced scholarship).

1. ПРОГРАМА ЗА ДОБИВАЊЕ ЦЕЛОСНА (ПОЛНА) СТИПЕНДИЈА

Целна група се многу способни ученици на возраст од 16 – 17,5 години во годината кога ќе го продолжат своето школување во Англија. Под поимот „многу способни“ се мисли на ученици со веќе докажан академски учинок кои ќе се истакнат и при школувањето во Sixth Form.

Целосната стипендијата покрива школарина за трета и четврта година (Year 12 and Year 13). Стипендијата ги покрива сите трошоци за сместување (во boarding houses), исхрана, учебници и се што му е потребно на ученикот за време на учебната година.

Предност за добивање полна стипендија имаат ученици чии родители не можат да си дозволат да платат полна школарина а на годишно ниво остваруваат нето приходи пониски од 30 000 британски фунти. За таа цел родителите ќе треба да пополнат детален формулар за нивната финансиска состојба како дел од апликацијата на нивниот син/ќерка.

Школарината, за една учебна година во Sixth Form приватните училишта изнесува од 35 000 до 45 000 британски фунти. Родителите на учениците кои се наградени со полна стипендија до крајот на месец април треба да уплатат административна такса на НМС во износ од £1250.

2. ПРОГРАМА ЗА РЕДУЦИРАНА СТИПЕНДИЈА

Учениците кои не биле доволно успешни во процесот на селекција и поради тоа не може да им се понуди полна стипендија, а НМС гледа на овие ученици како многу квалитетни и затоа нивните имиња се додаваат на листата на резервни и затоа на овие кандидати им се нуди можност да аплицираат за редуцирана стипендија (со намалена такса).

Всушност, за редуцирана стипендија можат да аплицираат ученици чии родители, на годишно ниво, остваруваат заеднички нето приходи помеѓу 30 000 и 80 000 британски фунти од кои 75 – 85 % од трошоците се покриени од страна на училиштето кое го превзема ученикот на Sixth Form. Точниот износ кој родителите на стипендистите ќе треба да го уплатат, по основ на едногодишна школарина, се определува врз основа на документите за нивната финансиска состојба и се движи во просек од £6000 до £11 000 годишно.

Стипендирањето на апликантите и за двете програми е во траење од две години, период во кој учениците ќе треба да ги завршат сите потребни курсеви за да можат да ги положат завршните испити (на крајот од Year 13).

Сите кандидати полагаат прелиминарен тест (IELTS) за проверка и утврдување на степенот на познавање на англискиот јазик (да имаат минимум B1 ниво по CEF). Кандидатите со освоени минимум 65 % на тестот можат да аплицираат за стипендиите. Кон крајот на јануари апликантите имаат интервју со претставници од HMC Projects а до средината на март веќе ќе се знаат добитниците на стипендии.

Стипендистите ќе бидат контактирани од Директорот на HMC Projects од кого лично ќе добијат информации за понатамошно постапување.
Со новиот закон од 2021 за сите апликанти потребна е виза (Tier 4) за двегодишен престој во Велика Британија независно дали доаѓаат од земји кои се или не се членки на Европската Унија како и здравствено осигурување (воа е во склоп на визата).

Повече информации во “General Information for applicants 2023”.

© Copyright 2019 - Edu-link.mk / All rights reserved.