HMC Projects Info

Што е HMC Projects?

HMCP е мала непрофитабилна добротворна организација која има две главни цели:

  • да најде понуди од училишта кои Англија би ги стипендирала,
  • да открие талентирани (надарени) ученици на возраст од 16/17 години од неситуирани семејства во 15 земји од бившиот источен блок кои ќе ги превземе на Sixth Form студии.

Овој септември 2019 година 93 нови НМС стипендисти (35 момчиња и 58 девојчиња) ќе го започнат во 55 училишта (HMC, GSA, State Boarding and Society of Heads) ширум Велика Британија и во странство – 56 стипендисти со целосна стипендија и 37 стипендисти со редуцирана стипендија. Учениците кои добиле стипендија се од централна и југоисточна Европа, 14 земји: Ерменија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Хрватска, Естонија, Полска, Грузија, Молдавиа, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка и Украина.

1. ПРОГРАМА ЗА ДОБИВАЊЕ ЦЕЛОСНА (ПОЛНА) СТИПЕНДИЈА

Целна група се многу способни ученици на возраст од 16-17 години од неситуирани средини. Под поимот „неситуирани“ мислиме на семејства чиј заеднички нето-приход не поминува еквивалент од £30k на годишно ниво; а под поимот „многу способни“ се мисли на ученици со докажан академски учинок кој според наше мислење ќе се истакнат во Sixth Form. Во таа насока родителите пополнуваат детален формулар за нивната финансиска состојба како дел од апликацијата на нивниот син / ќерка.

Кандидатите пополнуваат деталната апликација (пријава), во којашто ги наведуваат сите податоци за нив, имаат прелиминарни тестови за познавање на англиски јазик (B1 – B2 по CEF) и на крај ги интервјуираат искусни луѓе во групи од по три члена. Кон средината на февруари месец се објавува листата на добитниците на НМС стипендии и училиштата во кои ќе бидат распределени.

Родителите на апликантите на кои им е понудена целосна стипендија треба да уплатат £700 во како административна такса на HMCР доколку имаат пасош што не е на ЕЕА односно £1500 ако имаат ЕЕА пасош. Според сегашните проценки учениците кои не се од ЕЕА (кои доаѓаат од земји кои не се членки на Европската Унија) потребна им е виза и здравствено осигурување кои заедно чинат околу £800+.

На добитниците на HMC стипендии им се враќаат 300 £ во форма на џепарлак како средства кои можат да ги наменат за патување или за покривање на трошоците за време на распустот кој го организира НМС.

2. ПРОГРАМА ЗА РЕДУЦИРАНА СТИПЕНДИЈА

Учениците кои не биле доволно успешни во процесот на селекција и поради тоа неможе да им се понуди целосна стипендија, нивните имиња се додаваат на листата на резервни. Бидејќи овие ученици се многу квалитетни НМСР на овие кандидати им нуди можност да аплицираат за редуцирана стипендија (со намалена такса).

Учениците чии родители имаат заеднички годишен нето приход поголем од £30,000.00 можат да конкурираат за редуцирана стипендија (Reduced scholarship – 70-80% од трошоците се покриени). Точниот износ кој родителите на стипендистите ќе треба да го покријат се определува врз основа на документите за нивните примања кои ќе ги достават на увид.

Повеќе за двете програми можете да најдете информации во HMC brochure дадена во прилог.

© Copyright 2019 - Edu-link.mk / All rights reserved.